Многу вкусна и мека како душа: ПИТА ЕЛКА

Фото и рецепт: Ралица Маринова (100 грама љубов)

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 г свеж квасец (1/2 коцка)
200 мл млако млеко
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
100 г кисело млеко (на собна температура)
3 јајца (1 жолчка е за премачкување)
3 лажици масло
700-800 г брашно

ТЕСТО ЗА УКРАСНИ СНЕГУЛКИ:

1 лажица сол
1 лажица нишесте (скроб)
3 лажици брашно
малку вода за потврдо тесто

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:

1 жолчка
2 лажици масло
2 лажици млеко
за наросување: црн сусам/ким/чиа семе
за премачкување на кората: 50 г омекнат путер со малку шарена сол.

ПОСТАПКА:

Се замесува тестото исто како за леб, а потоа се дели на два дела. Се покрива и се остава да стаса додека го зголеми волуменот. Потоа се развлекуваат правоаголни кори.

Кората се премачкува преку цела површина со растопен путер и се наросува со шарена сол. Се развлекува втората кора и се поставува врз премачканата кора.

Од тестото за украси правиме форми во вид на снегулки (со калап или рачно), па ја украсуваме елката. Делот кој треба да биде стебло на елката го наросуваме со некое црно семе. Елката се става да се пече во загреана рерна на 170 степени.

Фото и рецепт: Ралица Маринова (100 грама љубов)

Извор

- Реклама -