Апел Драги пријатели, Критикувајте го Заев, зошто да не го критикувате, човекот дава толку многу поводи, сменете го, ставете го Тарантино за премиер или Феруз Мустафов, Кочани оркестра за колективен прајминистер, турете го Иги Поп за министер за одбрана и Грета Тумберг за министерка за екологија, Дуа Липа за култура.
Тортевски за јавен обвинител, таксајте му на Али дека нема да го гоните, прајте што ќе правите, но дајте си збор дека на таа напувана, а амбициозна неписменост, просташтво и идиотизам, на тоа компримирано зло, што денеска парадираше во Јане на дочекот на таканаречената обнова, нема да ја есапите во изборите за новото собрание и за што било што има допир со општото добро.
Тој однос е надполитички, надпартиски, тој е природна реакција на нормалните луѓе, така ќе се спасите и себе и нас и Македонија, па и остатокот на светот ќе го потспасите колку-толку. И вмороните кои задржале нешто од разумот, ги повикувам да се одлепат од сектата на хидроцентралистот, зашто ништо добро нема да им донесе.
Фб статус на Тричковски