Ќерката на големиот театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Љубиша Георгиевски иронично преку коментар на социјалната мрежа Фејзбук го објасни вчерашниот настан на ВМРО ДПМНЕ каде изостануваа сонциња на Кутлеш, знамиња…
Мери Георгиевска нешто помалку позната во јавноста од својот татко, но својата наследена патриотска мисла и воспитување од својот секогаш недвосмислено ја изразува преку колумни за одредени портали и статуси на социјалната мрежа Фејзбук. По професија, инаку таа е сценограф, костимограф, но и академски графичар. Нејзината кариера е богата. Има изработено над стотина костимографии и сценографии на македонските театарски сцени, како и во театрите во Србија, Хрватска, БиХ и во Бугарија.
Нејзиниот коментар е на социјалната мрежа Фејзбук, на еден од најпопуларните „политички профили“ Мартин Толовски. Толовски кој вообичаено е критичар на оваа власт но пред се е познат по ставовите блиски до ВМРО и Македонија. Во последно време иронично е настроен за Мицковски и „новото“ ВМРО ДПМНЕ, посебно за тоа што се прилично летаргични за секое македонско прашање.
Мартин: Слабо лавчиња, а уште помалку сонциња од Кутлеш. Обновата изгледа ги има заборавено во автобус.
Мери: Idninata! Idninata Martine! Gotovo e so Kutles. No history no mir.
Мери се надоврзува со иронија за „Иднината“ …проценете сами.
Инаку за потсетување Љубиша Георгиевски беше познат по својот голем патриотизам и во својата политичка кариера беше еден од иконите на ВМРО-ДПМНЕ. На претседателските избори во 1994 година, кога воглавно сите се криеа дека се ВМРОДПМНЕ Георгиевски беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во својата кариера беше и амбасадор на Република Македонија во Бугарија (од 2000 до 2004) и Србија (од 2009 до 2013). Последна политичка финкција му беше избран пратеник, односно Претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).