Решение: Чекајте февруари (нема чаре на краток рок). Жалам! На долг рок ова може (метеоролошко-инженерски) да се реши со подобро просторно планирање на градот, кое за Скопје беше катастрофално по 70-тите, а последниве 10 уште покатастрофално. Ова би бил скап и долг проект, но сигурен сум не многу поскап од СК2014.
Генерално, за извори на аерозагадување се сметаат индустриски капацитети, сообраќај, затоплување на домаќинства со огревно дрво… А како мерки за спречување на аерозагадувањето се посочуваат: имплементација на филтри за воздух во индустриските капацитети, возење пар-непар… Мое мислење е дека ниту ова се причините за аерозагадувањето во наведените урбани средини (се надевам сè уште урбани), нити пак мерките ќе помогнат за решавање на овој проблем.
Образложение: доколку аерозагадувањето е производ од првите две (индустриско аерозагадување, сообраќај), тогаш зошто изостанува во поголем дел од годината, а се случува секогаш во релативно ист период (декември-јануари)? Слично е и во однос на употребата на огревно дрво во зимските месеци. Имено, огревната сезона почнува многу порано (почеток-средина на октомври) од регистрирањето на зголемени концентрации на аерозагадување (крај на ноември, почеток на декември со траење до крај на јануари). Исто така (бар за Скопје), во централното подрачје се регистрирани највисоките концентрации на аерозагадувачи, но во централното подрачје нема многу корисници на огревно дрво (бар колку што јас знам).
Мерките што некои политички партии ги предлагаат (на пр. Партија на зелените) се далеку од мерки, и далеку од сериозен пристап на проблемот. Не знам дали овие партии се нарекуваат „зелени“ поради еколошката идеологија или алудираат на елегантен скопски израз за „недозреани“!? Да не бидам погрешно сфатен, јас верувам дека лоцираните аерозагадувачи се загадувачи и нормално дека треба да се почитуваат регулативите за одржливо и еколошко работење (поседување категорија А и останати детали што во Министерство ги имаат повеќе и од европските можеби). Но тука проблемот е многу покомплексен, а исто така и неговото решение.
Аерозагадувањето во одредени и специфични просторни и временски рамки (што е случај со Скопје, Тетово и Битола) ми дава за право да констатирам дека се работи за комбинација од природни, антропогени и метеоролошки состојби карактеристични за овие места.
Продолжете на Оффнет