ВИДЕО: Вака изгледа денес вилата на еден од најголемите Југословенски моќници

Некогаш раскошната вила која припаѓаше на еден од најмоќните мажи на СФРЈ и близок соработник на Тито, основачот на ОЗНА и УДБА, Александар Ранковиќ, денес изгледа како кулиса (позадина) од страшен хорор филм.

Порано оваа прекрасна вила претставуваше збирно место за средби на високото општество, а денес е оставено на милост и немилост на временските неподоги.

Изреката „кога ѕидовите би имале уши“, можеби има најголема смисла кога станува збор за оваа куќа, која крие тајни кои никогаш нема да можеме да ги разбереме.

Александар Ранковиќ бил познат југословенски политичар. Во 1928 година бил примен во подмдладокот на КПЈ-СКОЈ и бил избран за секретар на месниот комитет за Белград. Две години потоа бил уапсен и за недозволена комунистичка дејност бил осуден на шестгодишна затворска казна.

По ослободувањето, во 1936, ја продолжил својата дејност поради што во 1937 година бил избран за член на Политбирото на КПЈ. Во текот на НОБ билизбран за член на Врховниот штаб и за член на АВНОЈ.

На 13 мај 1944 ја формирал ОЗНА (потоа поделена на КОС и УДБА), и станал прв началник на Одделот за заштита на народот – ОЗНА.

Како прв заменик на Тито, во негово отсуство, издал наредба за пробој на Сремскиот фронт во 1945, при што претрпел огромни загуби. Ранковиќ бил раководител на вкупната безбедносна и разузнавачка служба во Југославија.

Видео

- Реклама -