Карачиќ прогласен за ракометар на годината во Хрватска

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ е прогласен за најдобар хрватски ракометар за 2019 година. Во својата последната сезона во дресот на македонскиот шампион, Карачиќ освои европска титула, диригирајќи на перфектен начин во Келн, во полуфиналето против Барса и финалето против Веспрем.

Хрватот беше прогласен за МВП на завршницата, а ја освои СЕХА-лига и домашниот шампионат. Иван Карачиќ освои 91 гласа, што му донесе убедливо прво место, пред уште еден вардарец, второпласираниот Иван Чупиќ.

Во вториот дел од годината, Карачиќ потпиша за Киелце, игра без грешка и во Полска и ужица голема доверба и кај тренерот Талант Душебаев.

- Реклама -