Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави заедничко видео од портпаролот на СДСМ и Боки 13.
„Видео на Боки 13 и Коста Костадинов, кое Коста би сакал да исчезне.
Огромно било задоволството на Коста што соработувале со Меѓународниот Сојуз кој што ги исполнувал СИТЕ стандарди на Европската Унија и со Боки 13 нашле ИСТ ЈАЗИК за сите точки? Од ова произлегла ДОЛГА и ПЛОДНА СОРАБОТКА. И Боки 13 чувствувал ОБОСТРАНО ЗАДОВОЛСТВО за соработката и му било ЗАДОВОЛСТВО што соработувал со млади луѓе како Коста со кого ќе работеле СПЛОТЕНО во заедничката МИСИЈA“- пишува Стоилковски.