Судскиот процес „ТНТ“ за одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски ќе продолжи утре, откако новите адвокати на обвинетите побараа да извршат увид во предметот.
„Ќе ви удоволам на барањата, но утре во 9.30 продолжуваме“, рече Ставрев.
Судијата Ставрев речиси до 1 часот ги чекаше да пристигнат тројцата адвокати по службена должност на местото на оние кои денеска не дојдоа и заработија казни од по 2.000 евра.
Додека траеше паузата, обвинетиот Миле Јанакиески реагираше што судот не му дозволува да го повика оштетениот Фијат Цаноски за сведок.
„Сакам да го распрашам судија за сѐ. Тој контактирал, тој зборел со Груевски“, рече Јанакиески.
Тука обвинителот Бурим Рустеми го потсети дека токму обвинетите и одбраната приговарале на предлогот Цаноски да биде сведок.
Јанакиески на новинарите им подели примерок од поднесоци до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, со кои бара да му се дозволи да сведочат бизнисмените Фијат Цаноски и Ардијан Амзоски. Тој се повикува на членови од ЗКП и на судска пракса, според кои на оштетени лица им се дозволува да присуствуваат на судења, а потоа да бидат и сведоци.
И судијата Ставрев тоа го кажа и дополни дека не може Цаноски сега да сведочи, бидејќи доаѓаше и ги следеше скоро сите рочишта на ТНТ овие две години. Исто и бизнисменот Амзоски, иако со помал интензитет на присуство на рочиштата.
Целата статија на СДК