Претставничкиот дом ги потврди обвинувањата за импичментот за Трамп

Мнозинството во американскиот Претставнички дом во Конгресот гласаше во четвртокот рано утрото за отповикување на претседателот Доналд Трамп, под обвинение дека ги злоупотребил овластувањата и дека ја опструирал конгресната истрага.

Историското гласање беше спроведено по целодневната расправа во којашто демократите му возвратија на републиканскиот претседател со идентичната флоскула дека претставува „закана за американската демократија“, а републиканците постапката ја нарекоа „партиски пуч“, истакнувајќи дека Понтиј Пилат му осигурил повеќе права на Исус Христос отколку Претставничкиот дом на Доналд Трамп.

Претставничкиот дом во кој мнозинството го имаат демократите со 230 гласови „за“ и 197 гласови „против“ ја изгласа првата точка од обвинувањето која се однесува на злоупотребата на позицијата поради барањето Украина да го истражува влијанието на неговиот демократски противкандидат, поранешниот потпретседател Џо Бајден за влијание за запирање на истрага за корупцијав во која бил предмет и неговиот син, а што било условено со воена помош. За обвинувањето за попречување на истрагата во Конгресот, гласале „за“ 229 пратениц а 198 беа „против“.

Откако Претставничкиот дом ги потврди овие обвинувањ, постпаката ќе продолжи следниот месец со судење во Сенатот, каде што мнозинството го имаат републиканците, па малку е веројатно дека Трамп на крајот ќе биде отповикан. За отповикување на претседателот потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот кој има сто членови.

Трамп, кој во моментот на гласањето беше со неговит симпатизери во Мичиген, ги отфрли обвинијата и ја нарече истгата којашто во септември ја започна претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, „лов на вештерки“. Во текот на денот на Twitter постапката ја оцени како напад врз Америка и врз неговата партија.

Во рамките на расптравата по која следеше гласањето, Пелоси му возврати на претседателот Доналд Трамп за острото отворено писмо во вторникот со идентична квалификација дека е „закана“ за американската демократија.

„Денеска сме тука за во полза на народот да ја браниме демократијата. Ако не дејствуваме сега, не би ја исполнле нашата должност. Трагично е што безобѕирните потези на претседателот го направија импичментот неопходен. Не ни даде избор. Она за што деенска разговараме е ноторен факт дека претседателот го прекршил уставот. Факт е дека претседателот е постојана закана за нашата национална безбедност и за интегритетот на нашите избори, темелот на нашата демократија“, рече Пелоси.

Белата куќа по гласањето соопшти дека е убедена дека Сенатот ќе го ослободи Трамп.

„Денес во Претставничкиот дом се одигра една од најсрамотните епизоди во историјата на нашата нација“, се истакнува во изјавата на портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, којашто им порача на демократите дека го изгласале импичментот без ниеда глас од републиканците и без докази.

Ова ќе биде третиот обид за отповикување на претседателот во историјата на САД. Американскиот устав ја предвидува можноста за отповикување на шефот на државата поради „сериозни злосторства и прекршоци“. Ниеден американски претседател досега не бил отповикан по овие основи. Во случајот на Ендрју Џонсон во 1868 година и на Бил Клинтон во 1998-та Сенатот го отфрли обвинувањето, а Ричард Никсон во 1974 година самиот се повлече од должноста пред да биде отповикан.

- Реклама -