Македонија трета по невработеност кај младите луѓе

„Економист“ објави истражување за стапката на невработеност кај младите ширум светот во 2018 година, а резултатите велат дека Северна Македонија е на високо трето место на листата.

Прва на листата е Јужноафриканската Република со стапка од 52,9%, а на второ место е Босна и Херцеговина со 46,7% невработеност кај младите од 15 до 24 години.

Земјава се рангира на трето место со стапка на невработеност на младите луѓе од 44,7%, според анализата на угледниот економски весник.

Од земјите во регионот, Србија е на 19. место со стапка на невработеност на младите од 32,1%, Црна Гора е на 26-то со 29,1%, а Хрватска на 34. со 25,5%.

- Реклама -