ВМРО-ДПМНЕ бара Шилегов да ги убедел спонзорите парите за Дино Мерлин да ги дадат во хумани цели

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје бара од скопскиот градоначалник Петре Шилегов да ги пренамени  100-те илјади евра наменети за новогодишната прослава во хумани цели, иако денеска Шилегов преку Фејсбук потсети дека Дино Мерлин ќе биде платен со пари од спонзори, а не од граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ, покрај тоа што бараат да биде објавено кои се спонзорите, го повикаа Шилегов и „да ја искористи истата моќ на убедување“ што ја употребил за да ги убеди да инвестираат во прославата, за да ги убеди да ги пренаменат парите во хумани цели.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат и Шилегов да објасни и зошто и како се доделени 300 илјади евра за новогодишно украсување на градот и дали таа сума не можела да биде помала. 400-те илјади евра за новогодишната ноќ, според нив, можеле да бидат потрошени за капитални инвестиции, канализација, водовод, како и итни мерки за почист воздух.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

 

- Реклама -