Заев:Ја вративме Македонија на мапата на светот

Со повик за мобилизација до членовите и симпатизерите на СДСМ, премиерот и претседател на партијата Зоран Заев ја заокружи последната трибина од караванот “На прав пат”.

Тој им порача на социјалдемократите до парламентарните избори да ги промовираат успесите кои ги испорачала Владата со акцент на економијата, социјалната политика и интеграциите, и да веруваат во изборната победа но и да потсетат на, како што вели, режимот од претходната власт.

-Ние ја вративме Македонија на мапата во светот. Тие најбогата партија во светот. Изолирани и скарани со сите. По два бардаци вода да им дадеш, двата ќе ги украдат и ќе избегаат во Будимпешта, рече Зоран Заев – претседател на СДСМ.

Заев повторно ги повика антикорупционерите и Судскиот совет да ги проверат имотните листови на судиите и обвинителите, но и нивната професионалност за работата на судските предмети.

Најава за нови проекти пак, пристигнаа од градоначалникот на Скопје, Шилегов. Од наредната година во главниот град вети дека ќе се пуштат во употреба 33 нови автобуси за јавен превоз и дека ќе почне изградбата на Универзалната сала.

На трибината на СДСМ освен политичарите, се обратија и најмладиот и најстариот член на партијата, а претходеше и забава со диџеи наменета за младите социјалдемократи–атмосфера.

- Реклама -