Општинските власти од градот Ставангер во Норвашка, освен забраната за мобилни телефони во училиштата планираат да воведат и забранет пристап за малите ученици и до компјутерите.
Најголемиот дел од општинските советници ја поддржале оваа идеја, и наспоменале дека ова е начин кој на децата ќе им овозможи “детокс” од виртуелниот свет.
Во рамките на ова законско решение планирано е учениците од прво до четврто одделение да немаат пристап до компјутерите, наместо тоа ќе бидат поставени т.н ДЕТОКС компјутери во училниците кои ќе можат да се користат само со дозвола на наставникот.
Целта на властите е ваквата мерка да биде воведена за сите ученици од прво до десетто одделение според Норвешкиот образовен систем.
Мимир Кристијансон, општински советник истакнал дека е навистина многу загрижен поради претераната употреба на мобилните телефони и компјутерите од страна на децата и младите.
“Сигурен сум дека би било навистина корисно и здраво за децата да поминуваат што помалку време во виртуелниот свет” изјавил Кристијансон