МНР ќе почне да наликува на секта, недопирлива и затворена за надворешниот свет

Доколку се прифати идејата 80 отсто од амбасадорите да бидат вработени во Министерството за надворешни работи или т.н. дипломати од кариера, МНР ќе почне да наликува на секта, недопирлива и затворена за надворешниот свет“, велат од ВМРО-НП.

„Сметме дека на тој начин се оневозможува достап до овие значајни места за видни и докажани личности од многу области: писатели, уметници, новинари, доктори, бивши министри па дури и академици.

Наспроти тоа ќе бидат фаворизирани само вработените во МНР кои пак ќе ни бидат претставени како експерти, а најголем дел од нив знаеме дека се вработени под чисто партиски клуч. Впрочем не постои ниту една анализа од која можеме да видиме дека т.н. експерти имаат поуспешни резултати од амбасадорите кои се дојдени од други сфери“, соопштија од партијата која бара да не бидат прифатени измени на Законот за надворешни работи.

- Реклама -