ВМРО на Каракачанов со одговор до Заев и до Македонците: Не претерувајте!

Соопштение на ВМРО-БНД, партијата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана – Красимир Каракачанов

Зоран Заев во македонските медиуми изрази очекување дека Бугарија ќе треба да го „надмине прашањето за македонскиот јазик“. Неговата изјава доаѓа по таканаречената повелба за македонскиот јазик на таканаречената Македонска академија на науките и уметностите. Наведената повелба е провокативна и ненаучна и природно наиде на спротивставување од страна на лингвистите во Бугарската академија на науките (БАН). Сето ова се случува во позадина на тенденциозното блокирање на Мешовитата комисија за историски прашања – поради политизирање на тезите од страна на историчарите од Скопје.

ВМРО не сака и не треба да се меша во научни спорови, но го потсетува премиерот Заев дека Бугарија одамна го „надминала“ проблемот со јазикот на кој се говори во Северна Македонија и во иднина ништо повеќе нема да „надминува“. Освен тоа, во меѓународното право не постои акт како „признавање на јазик“. Ние ја признавме независна Македонија – први во светот. Со тоа го признавме нејзиното право на устав во кој официјално Скопје може јазикот да си го нарече како сака. Тоа, сепак, нема да го промени фактот дека тоа е бугарски јазик.

Ние одамна ја воведовме формулацијата „согласно Уставот на Република Северна Македонија“. Таа формулација ја покажува нашата почит кон уставното право на Македонија да користи своја етикета. Јазиците одамна се политички етикети. Денес во поранешна Југославија се создаваат секакви етикети за јазици кои во суштина се еднакви. Во цела Европа е така. Не се знае дали јазикот во Галиција е шпански, португалски или… галициски. Ниту се знае дали во Валенсија зборуваат валенсијански, или е тоа истиот каталонски. Германци и баварци тешко се разбираат. Самите Срби признаваат дека тешко ги разбираат шопските и торлачките дијалекти во Поморавјето – кои, всушност, исто така се бугарски наречја.

Никој не се сомнева дека разните македонски наречја, врз кои во ’40-те години административно е кодиран „јазикот“, исто така се бугарски. Членувањето, недостатокот на падежи, идентичната синтакса – тоа се повеќе од препознатливи обележја на бугарскиот јазик. Дури и дијалектната фонетика и ритамот на јазикот се исти. Да, лексиката денес често е различна. Но со гoлo око се гледа дека тоа се работи за намерен и нeразбирлив обид за внесување на зборови или користење на архаизми, србизми и турцизми, само и само за да се постигне различна звучност. Да не е прозорец, туку да е џам, да не е бутилка, туку шише, итн. За полесно да го разберат тоа наречје, луѓето од Бугарија денес обично со насмевка се присетуваат на говорот на нивните баби.

Прочитајте и:  Тензично пред Народниот театар во Софија: Претставата на Малкович го исмејува бугарскиот народ

Меѓу бугарите во Беломорска Македонија, на пример, во ’50-те години официјално се распространувани учебници со друг обид за создавање на книжевна форма. Нејзиното единствено разликување со книжевниот бугарски е практично само „со“ и „во“ наместо „с“ и „в“, како и преминувањето на „я“ во „е“ во зборови како „дедо“, „млеко“ итн.

Да кажеш дека во Македонија има некаков различен јазик од тој во Бугарија е исто како да кажеш дека Косово има некаков различен јазик од Албанија. Се разбира, во Косово немало „академици“ кои неколку декади свесно работат на политичко разделување на говорот на двете страни од границата.

Впрочем, Заев најдобро го знае тоа: Тој е од Струмичко – токму тој крај беше последен одземен од Бугарија, со Нејскиот диктат. До ден денешен, кога роднините и сограѓаните на Заев ќе отидат во други делови на Македонија, со сигурност ќе ги прашаат дали се „бугари“.

Всушност, одговорот на тоа прашање во цела Македонија е „да“. Зашто македонец и бугарин се два збора за едно исто. Затоа и нашиот повик до нашите браќа од другата страна на границата е: Не претерувајте! Знеме дека кај вас е предизборен период и Бугарија често се користи како тема. Знаеме дека ситуацијата е тешка. Бугарија секогаш дава сѐ за Македонија, ништо не бара за возврат. Ги трпиме претензиите на политичарите во Скопје, зашто го сакаме најдоброто за  за обичните луѓе во Македонија. Сакаме тие да имаат иднина во ЕУ. Тоа што пречи на европската иднина на Северна Македонија се токму тие претензии. Уште еднаш: Не претерувајте!

- Реклама -