Касами: Постои можност Груевски да стане повторно премиер

„Ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ после избори повторно коалицира со ДУИ, тогаш се отвора можност Никола Груевски повторно да биде премиер“, изјави лидерот на БЕСА – изјави лидерот на БЕСА Биљал Касами во синоќешното гостување во „КликПлус“ на ТВ 21.

Сепак, тој рече дека неговата партија доколку има можност да учествува во формирањето на новата Влада по вонредните парламентарни избори догодина во април ќе коалицира само со победникот во македонскот блок.

Касами, меѓу другото оцени дека било погрешно што Законот за употреба на јазиците бил испратен до Венецијанската комисија

„Да седнеме на заедничката маса и да ја артикулираме официјализацијата на албанскиот јазик“, рече лидерот на БЕСА во емисијата.

- Реклама -