Пред денешните парламентарни избори во Велика Британија, клучни за иднината на земјата која е поларизирана поради Брегзит, британскиот премиер Борис Џонсон се обидуваше на секаков начин да собере гласови од избирачите.
Џонсон се стави во улога на млекар кој им доставува млеко на луѓето дома, позираше како пекар, како продавач на риби… А на оваа Фотографија го гледате на тренингот на женскиот фудбалски тим во регионот на Манчестер.
Не знаеме колку поени собрал, ниту колку голови примил, и дали сево ова ќе му помогне на денешните избори…
DW.COM