Геро за ТВ1: Објавените разговори се снимани во септември оваа година

Новинарот и уредник на порталот „Плус инфо“, Бранко Геровски за ТВ21 вели дека разговорите кои денеска се појавија на YouTube најверојатно се снимани во месец септември оваа година.

Тој додава дека не знае дали гласот мисли на текстовите кои ги објавувал претходно со псевдоними или пак планирал некакви нови „бомби“.

Геровски вели дека досега никој не му понудил било какви прислушувани разговори, ниту пак тој поседувал такви за случајот „Рекет“.

Во новите бомби кои денеска се појавија на YouTube гласот вели дека во ташната во која се наоѓале 1 милион евра имало и џи-пи-ес уред, но пред само неколку денови на поставено новинарско прашање од страна на ТВ21, сведокот во случајот „Рекет“, Орце Камче рече дека немало такво нешто во таа ташна со еден милион евра.

Инаку за случајот „Рекет“ досега се одржани три рочишта на кои за време на првото, третоосомничениот Зоран Милевски – Кичеец го призна делото по што беше осуден неправосилно на казна затвор од три години.

На второто рочиште сведочеше, Орце Камчев а на третото Ана Камчева и благајничката во фирмите на Орка холдинг.

ВИДЕО

- Реклама -