Благајничката во домот на Камчев однела две торби со 710.000 евра, Боки ја праша како тогаш парите ги собрало во една торба

По сопругата на Орце Камчев, Ана, денеска во „Рекет“ на пултот за cведоци застана и Мирјана Бошковска – девизен референт и благајничка во фирмите на Камчеви. Таа cведочеше дека во декември 2018-та и во февруари годинава во повеќе наврати вадела големи суми пари од сметките на Ана Камчева, Кристина Камчева (сестра на Орце Камчев) и Ратка Камчева (мајка на Орце Камчев).

Во декември 2018-та, Бошковска во три наврати вадела пари од сметките на Ана и Ратка Камчеви – 12 милиони денари, 5 милиони евра и нешто повеќе од 5 милиони денари, пари кои потоа ги сменила во евра и ги однела во домот на Камчеви да ѝ ги предаде на Ана.

Во февруари Бошковска повторно вадела големи суми пари. Во еден ден од сметката на Кристина извадила 18 милиони денари, а од сметката на Ратка – 21 милион денари. Парите биле во евра, ги разменила во менувачница во присуство на обезбедување и истите ги однела во домот на Камчев, каде влегла од задната врата и заедно ги броеле и правеле спецификација во кабинетот, овојпат лично со Орце Камчев. Парите биле донесени во две спортски торби со вкупно 710.000 евра, рече таа.

Oбвинeтиот Бојан Јовановски се обиде да најде дyпка во cвeдочењето на Бошковска, па ја праша како потоа парите од двете торби ги собрало во една помала. Бошковска одговори дека пред да ги смени во евра двете торби биле полни, но потоа еврата ги распределила во двете торби и зафаќале помалку простор. Според неа, 80% од банкнотите биле во апоени од 50 евра.

Таа cведочeше и дека не го познава Бојан Јовановски и дека никогаш го нема видено во домот на Камчеви кога носела пари. Рече и дека не знаела дека Камчев ја снима кога ги броеле парите.

 

- Реклама -