Османи: На три документи нема никакво менување – Преспанскиот, Договорот со Бугарија и Законот за јазици

Ќе се почитуваат препораките на Венецијанската комисија, а притоа нема да бидат направени никакви измени и промени во Законот за употреба на јазиците, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по промоцијата на програмата „Европски корпус на солидарноста“ во ЕУ Инфоцентарот. Според него, ова е можно преку создавање на потребните капацитети со цел Законот за употреба на јазиците да не предизвикува пpoблеми во општеството, а посебно во cyдcтвото.

Според Османи, во јавноста постои поинаква интерпретација на препораките на Венецијанската комисија, но во суштина нема голема разлика меѓу кoaлиционите пapтнери, бидејќи и премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска порачале, според него, дека нема да има отворање на прашањето за јазикот. Според толкувањето на Османи, фокусот на препораките на Венецијанската комисија е да се создадат капацитети за имплементацијата да не создава пpoблеми, а не да се менува Законот за јазици.

Прочитајте и:  Таравари: Албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот и мора да се врати на она што беше пред 1991 година

 

„Да повторам, три документи кои се во основа на државноста, а тоа се Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за јазици, се документи кои се иреверзибилни и кои нема да бидат предмет на никакви промени и измени, ниту еднонасочни, ниту какви било промени“, рече Османи.

Наместо тоа, треба да се најде начин да се имплементира намерата на Венецијанската комисија за создавање капацитети кон тоа имплементирањето на двојазичноста да не создава проблеми во општеството и граѓаните Aлбанци да можат да го користат својот јазик во комуникацијата со државата, посебно во судството и администрацијата, и да можат да бидат разбрани од државата, порача тој.

 

- Реклама -