Јавноста постојано ги коментира патните трошоци, кои пратениците и од власта, но и од опозицијата ги прават континуирано од осамостојувањето на нашата држава до денес.
Со примерот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, видовме дека немаат никакви обзири кон граѓаните ниту кога се во опозиција.
Новинарот Миленко Неделковски предлага уникатен начин, како овие трошоци да се сведат на минимум и идејата му е мора да се призна, ДОБРА:
,,За трајно решение за проблемот со КРАДЕЊЕ пари за патни трошоци, предлагам купување 120 возила Тесла за пратениците.
Ќе си ги пунат кога ќе е ефтина струја.
Така, со еднократен трошок од 3 до 6 милиони евра, 4 години нема да ги пуниме џебовите на Мира Дизел или Силвана Бонева… Плус, возилата ќе се дадат потоа на следните 120 пратеника. М?”