Ќе имаме ли избори на 12 април

Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во интервју за емисијата Детектор.

Претседателот потсетува дека тоа е одлука која што ја носи мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите.

„Не сум убеден бидејќи не зависи од мене. Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на парламентот“, вели Пендаровски.

Според него, нема некоја голема разлика дали ќе се оди на предвремени или на редовни избори, бидејќи како што вели, не гледа што е тоа што може да се случи во тој меѓу-период.

- Реклама -