Најверните вардарови навивачи Комити вчеравечер го кренаа и го мобилизираа Скопје за завршната есенска претстава на Вардар во дербито со Шкендија утре попладне од 13 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, па доцна синоќа навивачи на црвено-црните заедно со своите браќа Војводи од Тетово направија и герила акција под Шара – го запалија тетовското Кале.
Комити и Војводи в недела ќе прослават една деценија братство, како еден од трите јубилеи што ќе се слават на западната трибина, заедно со 20 години од групата „Лојал Фанс“ и пет години од Комити Маџари. Комити и Војводи заеднички синоќа го освоија тетовското Кале, па со десетици факли го запалија доцна во ноќта во храбрата навивачка акција во градот од кој потекнува најголемиот и најлутиот ривал во последните пет години.
Вардар е есенски првак, па во пресметката со Шкендија влегува со осум бода предност на табелата и со мотивација да ги победи тетовци за да оди на зимска пауза со огромни 11 бода во сезоната во која скопските црвено-црни беа прежалени поради суспензиите од ФИФА и УЕФА, како и финансиската гриза, ама фудбалерите одиграа јуначка полусезона и заслужено се на врвот на табелата.
Видеото ТУКА