Груевски се јави со нов статус, во однос на апceњето во Будимпешта

Неколку дена откако српските медиуми објавија дека екс премиерот Никола Груевски е уапсен во Будимпешта, а македонското министерство за правда ја демантираше шпекулацијата, се јави и Груевски со нов статус на фејсбук.

Тој не споменува ниту збор за обвавените шпекулации, туку демантира новинарски текст за меѓународните финансиски зони, без да посочи каде бил објавен. Тој се правда дека неговата идеја за овој проект била за доброто на граѓаните, а не како што се тврди во текстот дека ќе се переле пари на „оф-шор“ компании.

Во статусот Груевски вели дека идејата за меѓународна финансиска помош од првиод ден исклучувала можност зоната да функционира на принцип на “оф-шор”.

-По тоа прашање немавме дилеми, како што немавме дилеми дека во никој случај зоната не смее да дозволи било што нелегално или компромитирачко, вклучувајќи било каква можност за перење на пари, се правда Груевски, па додава:

-Идејата и визијата беше да се привлечат мултинационалните финасиски компании своите главни седишта да ги префрлат во Македонија и од тоа Македонија да има повеќестрана корист. Идејата беше со цел да добие кредибилитет и доверба, како и атрактивност, во зоната да важат финансиските и регулаторни закони на Англија, имаше и идеи да важат законите на Луксембург или комбинација од двете, иако повеќе преовладуваше Англија. Додадената атрактивност ќе беше што ќе понудевме прилично пониски даноци и севкупни трошоци од Англија, земја чии главен град е еден од најголемите финансиски центри во светот. Двете се земји членки на ЕУ, со законодавство усогласено со европските директиви и не сум слушнал дека се перални на пари или некакви оф-шор дестинаци, пишува Груевски.

Тој вели дека не можел да гарантира за другите, но потенцира дека тој имал чесни намери.

-Неможам да знам дали некој од нив имал нечесни намери и планови, но знам дека ние имавме чесни намери со кои, доколку проектот се спроведеше, Македонија ќе добиеше една сериозна додадена вредност во финасиската сфера, сериозни приливи во буџетот, вработување, знаење и искуство на стотици и илјадници наши граѓани, а корист ќе имаа и услужните дејности како многу сметководители, адвокати, авио компании, хотели, агенции за недвижности, ресторанти, кетеринг служби, рент-а-кар агенции итн имајќи во предвид дека во земјата ќе доаѓаа голем број многу богати луѓе.

Со никој од заинтересираните консултанти не склучивме договор за соработка. Ако некој од нив навистина имал такви планови како што е наведено во текстот, сигурно ќе бил многу разочаран доколку се реализираше меѓународната финансиска зона во Скопје, каков што работен наслов имаше, завршува Груевски.

- Реклама -