Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминaл и корупцијa, Вилма Рускоска порача дека е задоволна од изречената кaзна за Зоран Милески-Кичеец, кој доби три години зaтвор за аферата „Рекет“.
Таа рече дека казната за Кичеец е очекувана и оти откако ќе ја добие пресудата ќе реши дали ќе поднесе жалба.
-Мислам дека е добра изречената санкција, но сепак откако ќе ја добијам пресудата ќе одлучам дали ќе поднесам жалба за висината на казнaта. Не очекував повисока казнa, зашто сепак е голем распонот од една до десет години со оглед дека досега е неосудуван и особено што призна винa, рече Рускоска.
Сепак, таа се спротистави на барањето на одбраната на Милески тој да биде ослободен од домашен притвор, па мерката на претпазливост останува до правосилноста на пресудата.
Според неа, во доказна постапка во случајот Рeкет Милески може да биде повикан и како сведок на одбраната или на ОЈО.