Влегла во продавница и им ги платила сметките на сите купувачи, а никој не ја препознал музичката ѕвезда (ВИДЕО)

Славната пејачка Сиа (47), која секогаш си го крие лицето зад перика, влезе во маркетот „Валмарт“ и им ги плати сметките на сите купувачи. На почетокот, никој не ја препознал, бидејќи таа не го открила идентитетот, туку рекла дека се вика Сиси и дека добила на лото.

Музичарката позната по хитот „Chandelier“ подоцна беше разоткриена од своја обожавателка, која објави видео од случката на Твитер.

Тогаш сè уште анонимна, жената рекла дека тоа го прави бидејќи освоила на лото, а сите биле зачудени и барале да се фотографираат со неа иако не ја препознале веднаш.

– Јас сум Сиси – се претставила таа.

Сите се прашувале поради што таа тоа го прави, а пејачката одговорила дека добила пари на лото и дека сака на сите да им го разубави претстојниот празник. Тоа го снимила една девојка и објавила на Инстаграм.

- Реклама -