Шефот за развој на Volkswagen, Улрих Хакенберг, изјави дека компанијата е подготвена да го лансира дизел моторот со два цилиндри, кој ќе се најде во дел од моделите на Концернот во текот на следната година.
Моторот ќе дебитира на компактниот модел Up! за да му конкурира на пазарот на Fiat Panda TwinAir. Тој претставува модифицирана верзија на моторот, кој ќе се користи во XL1, чија премиера ќе се одржи исто така во 2013 година.
Не се соопштуваат ниту динамичните карактеристики на моторот, ниту техничките спецификации. Хакенберг сепак, рече дека овој мотор е предвиден за новата платформа за компактни автомобили на Концернот. Претставен пред неколку денови, новиот Volkswagen Taigun, исто така ќе добие двоцилиндерски дизелски агрегат.
Трицилиндерските мотори кои во моментов се нудат за моделот Up! се предвидени да се користат со новата платформа MQB, додаде Хакенберг, потенцирајќи дека и новата генерација на Golf ќе добие ваков мотор.
Објавено во соработка со Авто Плус.