(ФОТО) Непpиjaтен мирис во Гази Баба, истекла солна киселина од цистерна

По пријава од општински советник на општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторатот на град Скопје синоќа веднаш реагирале и го пронашле сторителот, соопшти Инспекторатот.

Се работи за правен субјект што работи со прекурзори. Притоа на лице место било констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна и веднаш биле преземени итни мерки за спречување на понатамошното истекување. Направен бил и записник за понатамошно постапување, додаваат од Инспекторатот на град Скопје.

Правниот субјект не поседувал елаборат за заштита на животната средина.

- Реклама -