Да ме остават, овде и ќе спијам, вели Мирјана Узунова, една од ретките жени со трска што ќе ги сретнете на езерското крајбрежје во Стар Дојран. Ете толку е голем меракот за рибарење кај оваа 72-годишна госпоѓа која по многу нешта му пркоси на животот.
Родена е во Банат, Србија, а по потекло е Украинка. Имала пет години кога се преселила во Македонија.
– Работниот век го поминав како хигиеничарка. Сега имам „мирни“ пензионерски денови – на шега го почна муабетот Узунова.
Преживеала срцев удар и има вграден стент, но продолжила да пуши цигари и, како што милува да каже, да ужива во животот.
– Баш утринава бев на лекар, ми ги боцкаа нозете. Не се плашам од болести. И покрај тоа што се движам со бастун, секој ден сум овде со трска во рацете. Освен кога времето нема да ме послужи. Полно работно време. Осум часа сама, но никогаш осамена. Опремата ми ја симнува ќерката што живее со мене. Другото чедо, за жал, не е блиску до мене. Среќата си ја побара во Австрија – раскажува Мирјана.
Токму внукот од ќерката што ѝ е на другата страна од Европа ја заразил со риболов.
– Имаше три години кога за подарок ми побара трска. Во тоа време мојот, сега веќе покоен сопруг, имаше кајче и возеше туристи. Многу добро се сеќавам на таа 1994 година кога ми влезе чивијата – се присетува Узунова.
Целата сторија проследете ја на „Женски Магазин“.