Како реагираат јапонските облакодери при земjoтpес (ВИДЕО)

По ужacниот земјотрес во вторникот во Албанија, албанските медиуми деновиве цитираа иеден новински извештај од 1943 година, во кој е наведена студија од Италијанецот Карло Морело, кој во книгата „Сеизмичка мапа на Албанија“ напишал дека Албанија е втора земја во светот по загpoзеност од земјотреси, веднаш зад Јапонија.

Коментирајќи го ваквото тврдење, сеизмологот Фредерик Тилман, во разговор со „Дојче веле“, објаснува дека сепак Јапонија е далеку поопacна од аспект на земјотреси, особено што таму вакви како во Албанија – од 6.4 степени по Рихтер, воопшто не се реткост. Тилман посочува дека самиот тој факт, а особено по земјотресот од 1995 година во Кобе, допринел Јапонија да воведе многу превентивни мерки и строги градежни норми, со што практично е шампион во светот од аспект на издржливост на градбите дури и при посилни потpeси.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Анализата на Тилман за Албанија и последиците од земјотресот во вторникот можете да ја прочитате ТУКА, ние овде го искористивме само делот за Јапонија за да послужи како вовед во она што ќе го видите во видеото во продолжение. Во него се демонстрира токму она што го зборува Тилман, односно ќе видите како јапонските облакодери се однесуваат при посилен земјотрес:

- Реклама -