Апсолутно некорисни факти

 Следниот пат кога некој ќе ве запраша “Да не знаеш случајно колкав процент на луѓе ќе погледнат во твојата фиока во тоалетот?“ ќе можете без размислување да одговорите – 40%. Сликата од камилата е исто така некорисна и апсолутно неповрзана со текстот.

camel

 

Следниот пат кога некој ќе ве
запраша “Да не знаеш случајно колкав процент на луѓе ќе погледнат во
твојата фиока во тоалетот?“ ќе можете без размислување да одговорите –
40%. Сликата од камилата е исто така некорисна и апсолутно неповрзана
со текстот.

 

Кока-колата оригинално имала зелена боја

 

Хавајската азбука има 12 букви

 

Градот со највеќе Ролс-Ројс-еви по жител: Хонг-Конг

 

Процент од Африка што е во дивина: 28%. Процент од Северна Америка што е во дивина: 38%

 

Просечен број на луѓе што летаат врз Америка во еден час – 61.000

 

Интелигентните луѓе имаат повеќе цинк и бакар во својата коса

 

Најмладите светски родители имале 8 и 9 години и живееле во Кина во 1910

 

Најмладиот папа имал 11 години

 

Првата книга напишана на машина за пишување: Том Соер

 

111,111,111 помножено со 111,111,111 е еднакво на 12,345,678,987,654,321

 

Ако на некоја статуа се наоѓаат човек и коњ, тогаш: ако двете нозе на коњот се подигнати во воздух, тогаш тој човек умрел во битка; ако коњот има една нога во воздух, тогаш човекот умрел како последица од рани здобиени во битка; ако сите нозе на коњот се на земја, тогаш човекот умрел од природна смрт.

 

"I am." е најкратката целосна реченица во англискиот јазик.

 

Името Jeep доаѓа од “General Purpose“ возило, т.е. G.P. и е кратенка што се користела во армијата.

 

Заедничкото за панцир, излез во случај на пожар, бришачи на кола и ласерски принтери е што сите се измислени од жени.

 

Mel Blanc, човекот кој му го подари гласот на Душко Долгоушко, бил алергичен на моркови.

 

40% од луѓето што ќе влезат во вашиот тоалет, ќе погледнат што имате во фиоките или пак во преградите до огледалото.

 

Јаболко, кромид и компир имаат ист вкус. Разликата во вкусот е предизвикана од нивниот мирис. За да го докажете ова пробајте од сите по ред со затворен нос. Сите ќе имаат благ вкус.

 

Грозјето експлодира кога ќе го ставите во микропечка.

 

Сварено јајце ќе се заврти ако го завртите со рака, на пример на масата. Несварено нема.

 

Секој граѓанин на Кентаки е законски задолжен да се избања барем еднаш годишно.

 

Ниеден збор во англискиот јазик не се римува со “month“

 

Во Канада, ако долгот е поголем од 25 центи, нелегално е да го платите со железни парички.

 

Во Америка 24 проценти од браковите завршуваат поради импотенција.

 

Ако сте хедoнофобик, тогаш имате страв од задоволство.

 

Симболот # е познат како тараба. Вистинското име му е octohorpe.

 


Жените трепкаат скоро два пати повеќе од мажите.

 


Ниедна војна не се водела помеѓу држави што имале McDonalds.

 


Преку 2500 луѓе леваци годишно ги губат своите животи поради користење на предмети наменети за деснаците.

 


Реченицата "The quick brown fox jumps over a lazy dog" која што се користи за проверка на фонтовите во компјутерот не е ставена за џабе. Во неа се содржат сите букви од англиската азбука.

 


Бубашваба може да живее неколку недели без глава – умира од глад.

Не заборавајте да ја видите и втората епизода од Апсолутно некорисни факти! 

- Реклама -