Јанушев: Јавно го повикуваме Груевски да се врати во земјата

ВМРО-ДПМНЕ јавно го повикува експремиерот Никола Груевски да се врати во државата, изјави вчерагенералниот секретар на партијата Игор Јанушев, на прашање од соговорникот Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, во дебатата во „24 Анализа“ на „ТВ24“.

Манчевски, зборувајќи за судењата на функционерите, укажа на неправилностите во судењата и изрази недоверба, базирана на искуството од она што се случи, за тоа како судството ќе реагира, дали ќе застарат случаите, дали ќе има судски рочишта, дали ќе бeгaaт обвинетите, дали ќе имаме политички азиланти, како што рече. Притоа тој порача дека Груевски треба да се врати и да си ја одлежи казната, по што го праша Јанушев дали и ВМРО-ДПМНЕ се залага за истото.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

„Јавно го повикуваме да се врати во државата“, одговори Јанушев на прашањето, на што Манчевски инсистираше Јанушев да каже и дали се залагаат Груевски, освен да се врати, и да ја одлежи затвopcката казна. „Да, еве јавно го повикуваме“, рече Јанушев.

 

- Реклама -