Билјана Ванковска: ,,Скандалозно е новинар да добива хонорари од правосудна институција (и тоа специјална), иако овие 255 илјади денари се трошка во споредба со она што во СЈО си го доделувале самите на себе (во евра). Се мислеше дека вакви нешта биле типични за комунистичките режими, ама …
Но, за мене многу поважни се други прашања: како и колку биле исплаќани новинарите од Боки Тредичи? Зошто никој не спроведе истрага? Како е можно, Орданоски да открива „агенти на 3лото“, да врши притисок, клевети и застpашува на јавни личности по слободен избор (што е своевиден „рекет“, изнудување најчесто на молк или (само)цензура) – а да не знае што му се случувало под носот?
Облиците на (3ло)употреба и политичка и материјална корупција на новинарите, и за жал на медиумите, се бројни – станува збор за ендемска појава.
И не е теорија на заговор да спомнам дека во поддршката на медиумите за време на смената на pежимот, а и сега, се истурија многу пари од странски фондови. Затоа, довербата во медиумите е НУЛА!”