Доналд Туск ќе агитира за ВМРО-ДПМНЕ на еден од нивните митинзи

Минатата недела била исклучително успешна за ВМРО-ДПМНЕ на меѓународен план, се пофали вечерва потпретседателот на партијата – Александар Николоски, во емисијата „Што не е јасно“, на ТВ „Алфа“. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е кредибилен партнер на најголемата политичка партија во Европа – ЦДУ на Ангела Меркел и дека е почитуван член на ЕПП, рече Николоски.

Тој посочи дека на средбата со новиот претседател на ЕПП, а досегашен претседател на Европската унија – Доналд Туск, тој ги уверил дека ВМРО-ДПМНЕ ја има неговата поддршка, но и дека ќе дојде во земјава и ќе се обрати на еден од нивните предизборни митинзи:

„Тоа ќе го направи на македонски и ќе даде силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што смета дека на Македонија ѝ е потребна силна реформа, посебно во делот на владеењето на правото, силна економија, и дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која што има кадровски потенцијал и умеење како тоа да го направи“, рече Николоски.

Прочитајте и:  Николоски: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

 

Извор: Нетпрес

- Реклама -