Виница е градот кој во сенка ги стави сите од регионот, а зад себе остава и многу поголеми општини од државата. Неколку фирми од овој град лани направиле приход од цели 124 милиони евра, вели истражувањето на Фактор.
Градот кој во Источниот регон е синоним за иселување а во еден период и синоним за еконсмка летаргичност и бесперспективност, сега за наши прилики се легитимира како вистинско мало чудо.
Основата за тоа се неколку фирми кои се вистински брендови не само во државаат туку и надвор од неа. Доминантно прва е Макпрогрес која е најголемата компанија со седиште во Виница, има 750 вработени и сопственик е на брендовите Виничанка, Златна долина , Армониа, Дониа , Натура и уште неколку други. Лани, компанијата направила приход од 30,3 милиони евра и регистрирала добивка од 1,6 милиони евра.
Втора фирма која го потенцира успехот и името на градот е Мебел Ви. Оваа фирма произведува мебел кој лани овозможил 4,7 милиони евра приход и добивка од 351.000 евра. Има развиена малопродажна мрежа и тенденцијата е развојна.
Сепак, убедливо најголема според приходот е фирмата која за многумина нема звучно име како другите но таа е шампион за правење пари.Верувале или не но бројките се вртоглави. Станува збор за фирмата Дади Оил која според изворот Фактор, лани уприходила 79 милиони евра и добивка од 337. 000 евра.
Заедно со уште двете други компании од ситата групација, имаат приход од 86 милиони евра и профит од 800 000 евра.
Заедно, споменатите фирми имаат приход од 124 милиони евра кои Виница ја прават исклучително атрактивна . Тоа што во општината има се помалку луѓе очигледно не е пречка да се развива и успешен бизнис.