Новинарот Миленко Неделковски веќе извесно време најавува дека сака да се кандидира за пратеник. Па еве што им порача на опонентите доколку има удел во власта:
,,Кој и да е, ако си мисли дека било што ќе биде заборавено, ГАДНО СЕ ЗЕЗНАЛ. Сите ќе си платите. Сите по ред. И леви и десни и центрифугални…
Држава правење без комплетен ресет – НЕМА. Комплетно судење и ресетирање во администрација, армија, полиција, правосудство, новинарство…
Нема да дозволам шлепање на кратка меморија, на глуп-е-народот, на овци-се-тоа… Не, не… Судење за сите, Голи оток за сите предавници, мекотели и корумпирани – после тоа држава праење.
Државата, републиката се прави врз темели од телата на елиминирани непријатели на истата. Баш како и Робеспјер, Кромвел, Founding Fathers – сите тие своите РЕПУБЛИКИ ги издигнале врз гробовите на своите политички противници и предавници на националната кауза.”