Чија е полициската кабаница што ја носеше Јанева

Полициската кабаница на Катица Јанева, која ја забележаа многумина, при излегувањето од полициското комбе, при спроводот во домашниот притвор, остави многу загадочни прашања.

Директорот на КПУ Затвор Скопје, Есад Рахиќ, за „А1он“ изјавил дека такви јакни и дуксери со капи не се дозволени во затворот.

-Нашата одговорнот за притвореникот завршува во моемнтот кога ја напушта капијата. Од кај нас Јанева ја презема МВР и одговорноста е нивна- изјавил директорот на КПУ Затвор Скопје, Есад Рахиќ.

Останува енигма чија е кабаницата што ја носеше Јанева, бидејќи, според сознанија на порталот, во собата каде била во затворски притвор Јанева немала никава кабаница, ниту и биле покриени рацете.

- Реклама -