Дава сѐ од себе, но не е волшебник, истакна премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на Македонската радио телевизија, каде заедно со министерката за финансии – Нина Ангеловска, одговараа на прашања од граѓаните и новинарите.
Премиерот истакна дека ги гледа проблемите, но се пoжaли дека не е Дон Кихот или волшебник, за да може сите проблеми од последните 28 години да ги реши за нешто повеќе од две.
„Имаме напредок, но и јас не сум задоволен. Да не сум премиер, подруго ќе реагирам. Што се однесува до младите, ќе ги одучиме да спијат по цел ден, ќе ги оттргнеме од алкoxoлизмот“, додаде Заев.
PS. МАНЧЕВСКИ: СОЗДАДОВМЕ МОЖНОСТИ НАМЕСТО ДА БАРААТ РАБОТА, МЛАДИТЕ ДА ВРАБОТУВААТ