„За Преспа знаевме само ние дома. Денес за Преспа знае целиот свет“, порача вицепремиерката и министерка за одбрана – Радмила Шекеринска, на трибината „На прав пат“ на СДСМ во Ресен.
„Светот и соседите свртеа нов лист, решивме децениски проблем и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО. Го загарантиравме македонскиот јазик и идентитет, признаени од целиот свет и сега тоа не може да ни го одземе никој.
Покажавме што значи државничко однесување, работевме за сегашноста, но и за иднината на нашите деца, одиме кон ЕУ и НАТО, на прав пат сме“, додаде таа.