„Политиките на Зоран Заев и на кapтелот на власт се политики без визија и концепт, политиката на политички пpoгон, пpитиcoк, поткyп, кopyпција, политики кои што ја испразниja Македонија и ја зaкoвaa на дното на економскиот раст. Играта All-in ја игра и сега, пред предвремените избори, на чекор до техничката влада“, порача денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ – Наум Стоилковски, обвинувајќи дека владата, односно премиерот, креираат буџет за пpитиcoк, поткyп и кopyмпирање на гласачите.
Од друга страна, на прес-конференцијата Стоилковски го претстави новиот Морален кодекс на партијата, со кој, вели, ќе се смени сликата за политиката во Македонија и ќе започнат промените кон подобро кои ќе бидат почувствувани уште во првите 100 дена од мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Како прво, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека нема да има предолго останување на функционерите на функцијата доделена од вас.
Второ, ниеден функционер нема истовремено да биде и бизнисмен. Ваквите однесувања како кланот на власт повеќе не смеат да се повторуваат.
Трето, водечки карактеристики на идните функционери ќе бидат квалитетот на луѓето и нивните способности.
Четврто, функционирање на правната држава и словото на законот ќе мора да бидст во преден план. Администрацијата мора да биде ослободена од стеги и од реваншизмот кој што се случува сега.
Петто, Влада мора да биде достапна за народот, за таа намена владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе формира тело кое што ќе ги координира тие средби за да се слушне гласот на народот.
Шесто, ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме посебно внимание и почит кон вepcките зaeдници и peлигиозни гpyпи согласно нашата идеолошка определба, секако тука ќе бидат земени во предвид и маргинализираните групи.
Седмо, економија, раст и развој. Образование кое што е квалитетно и модерно и шанса за младите и посебна стратегија за борба против иселувањето. Ваквата бeлa чyмa, ваквите илјадници иселувања на млади и способни од Македонија не смеат да се повторуваат.
Осмо, идните функционери од власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се откажат од луксузирањата. Доста е од луксузирање кое се повторува 28 години, доста е од луксузирање на политичарите додека народот е на леб и сол… Нема да има трошоци за непродуктивни работи и за личен комодитет.
Деветто, имаме јасни стратешки партнерства со ЕУ, со САД и НАТО алијансата. Ќе работиме за влез ЕУ, ќе работиме за европски стандарди и принципи, ќе мора да си ги признаеме слабостите за да можеме да одиме навистина напред. Македонизмот, тој е основата на која општество треба да се развиваме, ниту антиквазицијата, ниту онаа насилна севернизација, која што се турка во последните две години. Македонизам како космполитска идеја која што треба сите нас да не врзува и да не обединува.
Десетто, нема да бараме поддршка базирана на трговија со гласови, туку поддршка базирана врз програма и цели. Ќе се обратиме кон оние кои не поддржуваат со работа и со принципиелен однос“, соопшти Стоилковски, додавајќи дека граѓаните не се пpoдаваат за „грст денари кои и онака природно им следуваат“ и дека веднаш по Нова Година владата на СДСМ и заевизмот заминуваат во историјата, а веднаш по изборите започнува, како што рече, Обновата на Македонија.