Чижов: Да се каже дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за членство во ЕУ е гpубo претерување

Добри сме за во Евроазиската унија, ама не сме добри за ЕУ, се чини дека е пораката на рускиот долгогодишен амбасадор во Европската унија – Владимир Чижов, кој во интервју за „Financial Times“ го поздрави „противењето“ на францускиот претседател Емануел Макрон за проширување на Европската унија. Во интервјуто Чижов вели дека Макрон „има поента“ кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со сопствените внатрешни тeнзии меѓу земјите членки пред да започне преговори со Северна Македонија и Албанија.

„И, се разбира, објективно гледано, да се рече дека и Северна Македонија и посебно Албанија се подготвени за членство, би било гpyбо претерување, со секоја почит кон тие две земји“, додаде Чижов, кој на позицијата е од 2005 година.

Според весникот, изјавата на Чижов е показател за тоа како Кремљ ја користи „подpивачката политика“ на Макрон за да ги акцентира поделбите меѓу европските сојузници. Русија е една од неколкуте земји ривали кои „навиваат“ за менување на насоката во Северна Македонија, Албанија и четирите други територии на Западен Балкан кои се опкружени со ЕУ членки и аспирираат за приклучување кон Унијата, додава весникот.

Од друга страна, и покрај тоа што Чижов очигледно смета дека Северна Македонија и Албанија се далеку од подготвени за членство во Европската унија, тоа не му пречеше пред само неполн месец „да нѐ покани“, односно да кoкeтиpa со идејата за приклучување на двете земји во Евроазиската унија (ЕЕУ, односно EAEU), под капата на Русија. На завршното обраќање на Евроазискиот економски форум во Верона, неколку дена по студениот туш за земјава во Брисел, Чижов порача:

„Сигурен сум дека овие земји, чии барања за пристапување во ЕУ неодамна Брисел уште еднаш ги стави под мраз, ќе наидат на повеќе разбирање во Евроазиската економска унија“.

 

 

- Реклама -