Врз темели од куќа стара 5-6 века Момировци градат нова со развеани знамиња со Сонцето од Кутлеш

Во кичевското село Белица, соседно на родното Козица на војводата Јордан Пиперката, се градат нови куќи, а селото во последниве години комплетно се обновува.

– Денеска во недела вака изгледа градилиштето кај куќата од Момировци, на која интензивно се работи во внатрешниот и надворешниот дел. Се планира и во наредниов период, со исто темпо, работите да се одвиваат се до големите заладувања и паѓање на првиот снег. Оваа куќа за првпат откако е направена, пред 5 – 6 века, темелно се обновува на старите подрумски камени ѕидови, кои за оваа фамилија премногу значат, објавија денеска беличани на нивната Фејсбук страница.

Во селото освен приватни куќи се градат и заеднички објекти кои им служат на сите. Карактеристично е и тоа што во селото Белица се негува македонската традиција и секоја година се обновуваат знамињата со Сонцето од Кутлеш.

Видеото тука

- Реклама -