Монтажната куќа која се склопува за само шест часа и чини нешто помалку од 29.000 евра

Монтажната куќа која се склопува за само шест часа и чини нешто помалку од 29.000 евра можеби е иднината на живеењето, односно преселувањето, со оглед на тоа дека не можете да замислите побрза и поедноставна изработка на новиот животен простор.

Оваа куќа според потребите може да се сели откако веќе е изградена. Зад оваа неверојатна иновација под името „M.A.Di Home“ стои компанија од Италија, а нејзиниот креатор е архитектот Ренато Видал.

Доволно е само тројца луѓето и деловите од камионот да станат прекрасна куќа, а за тоа им се потребни од шест до седум часа.

Во зависност од големината и квадратурата која ја сакате, цената се движи од 29.000 евра за 27 квадрати до 62.000 евра за 84 квадратни метри.

Куќата е отпорна на земјотрес и има еколошки прифатлив капацитет со соларни плочи, ЛЕД светло и систем за дожд. Важно е да се напомене дека таквите куќи може да се изградат на било какво место без потреба на конструкциски бетонски темели.

Основниот модел вклучува опремена бања, кујна и трпезарија, а испораката е во рок од 60 дена од прифаќањето на конечниот цртеж.

Проектот е целосно произведен во Италија и лесно може да се сруши, да го преселите на нова локација или да го зачувате за подоцна.

Внатрешните фотографии прикажуваат елегантен дизајн кој изобилува со пространи отворени простории.

Во снимката можете да видите забрзан приказ на градбата на модерниот дом кој во момент се претвора во конечен производ, заедно со прозорци и врати.

https://youtu.be/o8I78DHyC9Y

- Реклама -