Ременски му одговори на Орце: Мислете му ја како ќе го браните лустрираниот што ве спасува

Статус-реакција на Фросина Ременски по онаа на Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ:

,,Ранобудна неписмена реакција кој не вреди да се анализира, но суфлерајот од квазиекспертите и “НАТО експертите” заборавиле да му кажат се, и за што друго ќе се интересираат претставниците на меѓународната заедница за брзо време. Нека ги праша можеби ќе му кажат.

Нека се расони и нека прочита некој закон повеќе пред да напише нешто “паметно”. И нека не се секира воопшто, дали професорката што пријави криминал на многу нивни брифери ќе одговара или не.

Нека се секира како ќе објаснуваат дека, нивниот, опозициски собраниски надзор над безбедносните служби спие и слугува, додека професорката поднесува кривични пријави и поставува незгодни прашања.

Да не бидат многу изненадени за почеток нека смислуаат како ќе го (од)бранат лустрираниот што ги “спасува” и денес, а после ќе сакам да чујам како се брани шпионажа по НАТО стандарди.

И на крај, не “ја зборуваш вистината”, туку читаш напишани брифинзи од исплашени луѓе кои се закануваат преку твојата фрустрација. Заканата не е стил на професор, туку на манипулатори и блефери. До тогаш време е за паметни работи.”

- Реклама -