За избеганиот бивш началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, како и за кобегалецот Никола Бошкоски (Неџби и Христо), Министерството за правда нема механизам како да ги врати од Грција.
Грујевски си нашол и работа на грчки остров, велат извори блиски до неговото семејство, објави порталот СДК.мк. Тој работел како пекар во кујна во ресторан на островот, чие име не го кажуваат соговорниците.
Грујевски и Бошкоски се главните обвинети во главниот судски процес на Обвинителството, „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување, кое траело со години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Грујевски е обвинет и во „Тврдина 2“ и во „Трезор“.