Героски: Антикорупциска мора да реагира побрзо со цел да се заштити кредибилитетот на политичарите

Во однос на следнава статија на ПлусИнфо: Антикорупциска: “Антикорупциска: Нема судир на интереси кај Мицкоски за хидроцентралите”, Героски се огласи на својот ФБ профил:

“Постапките на Антикорупциската комисија мора да бидат побрзи и трансперентни, затоа што самите постапки за политичарите и за другите јавни личности создаваат негативна перцепција. Што не е фер и не е коректно.”

Статијата подолу:

Антикорупциска: Нема судир на интереси кај Мицкоски за хидроцентралите

Државната комисија за спречување на корупција ја прекина постапката против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која беше отворена по допрен глас, а се однесуваше на добивањето концесии за изградба на хидроцентрали. Комисијата едногласно ја донесе одлуката дека нема одговорност односно судир на интереси.

Постапката се одолговлекуваше седум месеци, Мицкоски бил и на интервју кај антикорупционерите кои проверуваа дали тој како советник на Никола Груевски и дел од управниот одбор на ЕЛЕМ имал акти да влијае на донесувањето на одлуки.

Антикорупциска утврди дека нема одговорност кај лидерот на опозицијата, затоа што во 2014 година кога била донесена одлука за распишување на тендерот за мали хидроцентрали кај Пехчево и Берово, Мицкоски не бил ниту советник ниту во одборот во ЕЛЕМ.

Советник на Груевски тој станал дури во април 2015, додека во одборот влегол август истата година, а тогаш одлуките за тендерот веќе биле донесени.

ПЛУСИНФО

- Реклама -