Антикорупциска одлучи: Мицкоски е „чист“ за хидроцентралите

Нема одговорност, односно нема судир на интереси кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, при добивањето концесија за изградба на хидроцентрали, одлучи денеска Државната комисија за спречување на корупцијата по предметите отворени по допрен глас, во кои Мицкоски се товареше дека добил концесија додека бил директор на ЕЛЕМ и советник на екс-премиерот Никола Груевски.

Од Комисијата велат дека со Мицкоски имале конструктивно интервју и дека наводите во јавноста не се точни, односно кога бил распишан тендерот, Мицкоски не извршувал никаква функција, вклучително и не бил советник на тогашниот премиер Груевски, пренесува „ИРЛ“.

Предметите за Мицкоски беа отворени откако СДСМ на прес-конференција ја повика ДКСК да ја истражи сопственоста на хидроцентралата во која Мицкоски имал удел како сопственик на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството
- Реклама -