Избори „мало сутра“, во јуни?

Се договорија, ама се пишманат и тоа сѐ погласно го соопштуваат. За ДУИ е рано ако изборите се одржат во април, пишува „Слободен печат“.

Дел од образложението е дека не треба да има избори пред земјава и официјално да стане членка на НАТО, односно не пред да се ратификува Протоколот за членство, прво во Шпанија, а потоа и во македонското Собрание. Од друга страна, според ДУИ, со избори во април се загpoзува и евентуалното добивање на датум за почеток на преговори со Европската унија, што би се случило на Самитот во Загреб, во мај следната година.

Ако Изборниот закон предвидува распуштање на парламентот 60 дена пред избори, тоа ќе значи дека Македонија од 11 февруари ќе нема парламент, а со тоа и ќе нема пратеници кои би ги гласале новите услови, закони и одлуки што би произлегле од новата методологија на која инсистира Франција, велат од Демократската унија за интeгpaција.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

 

 

- Реклама -