На 12 април има два пата во различни насоки, два различни правци. Едниот е нашиот, на СДСМ, што води напред кон НАТО и ЕУ, повеќе пари кај граѓаните и сигурна иднина, и вториот на Мицкоски кој води назад во изолација, обнова на криминал и корупција. Тој пат го одевме 11 години, а сега за две и пол години моравме да направиме многу за да направиме сериозен исчекор напред и затоа враќање назад нема, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина „На прав пат” во Охрид.
Потпретседателот Спасовски истакна дека сега за разлика од претходно се реализираат националните и државни интереси, а тоа е членство во НАТО и интеграција во ЕУ.