Героски во новата колумна: Заев во офсајд, „Рекет 2“ и „човекот со брада“

Зошто премиерот Заев врши јавен притисок врз истрагата за случајот „Рекет 2“? Зошто го прејудицира нејзиниот исход? Што изјавила заинтересирана странка во Јавното обвинителство? Дали е исплаќан редовен месечен рекет, затоа што сопственикот на „Диамед“ добивал зaкaни дека ќе му се случи „цpно сценарио“? Кој е посредникот, „човекот со брада“? Дали бранејќи го Ден Дончев, како што своевремено ја бранеше Катица Јанева за аферата „Рекет“, Заев повторно е во офсајд? Ова се прашањата на кои новинарот Бранко Героски се фокусира во неговата денешна колумна за „Плусинфо“. 

Што сака да биде Заев – премиер, обвинител, Шерлок Холмс или Зоран Буревесник Божиновски?

Што и да се случува со евроинтеграцискиот процес на земјите кандидатки кои на последниот самит на ЕУ останаа со прстот в уста – ние и Албанија – извесно е дека во иднина критериумите за зачленување во елитниот клуб на европските нации ќе бидат сериозно заострени. Оценките за достигнувањата на претендентите во реформите ќе бидат „реверзибилни“, а тоа значи дека нема да има многу простор владите на земјите кандидатки да испорачуваат само краткорочни резултати, уште помалку празни ветувања.

На македонските политичари, навикнати на популизам и на отсуство на вистински, структурни реформи во клучните области на општествениот живот, нема да им биде лесно да се соочат со новите предизвици. Добар пример за тоа се долго очекуваните реформи во правосудниот систем. Додека премиерот, од една страна, ветува длабоки резови, дури и предизборен ветинг за сите судии (инаку прилично необмислено ветување, со оглед на недостигот на човечки ресурси), од друга страна, самиот тој го крши принципот на поделба на власта и од позиција на прв човек на извршната власт директно се меша и се обидува да влијае не само врз судските постапки кои се во тек, туку и врз предистражните и истражните дејствија на органите на прогонот… Целата колумна ТУКА.

- Реклама -